Утрински Весник
Македонија

Идентификувани уште 11 учесници на орото во Гевгелија

Идентификувани уште 11 учесници на орото во Гевгелија

Гевгелија, 23 април 2020 (МИА) – Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со гевгелискиот настан од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ се играло оро за време на полициски час соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица.

СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности о цел целосно расчистување и документирање на настанот се вели во соопштението.

Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат обавени службени разговори во станицата во Гевгелија,а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот.

По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка. им/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“