Утрински Весник
Македонија

Потврден 41 нов случај со коронавирус, 29 пациенти се излекувани

ФАО: Нема докази дека добитокот и домашните миленици можат да го пренесат Ковид-19 на луѓето

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на Ковид – 19 и тоа во Скопје – 17, Куманово – 11, Прилеп – 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино – 1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Регистрирани се 29 излекувани пациенти од кои четворица пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови од кои во Скопје – 21, Битола – 3 и Струмица – 1, соопшти Министерството за здравство.

Со новопотврдените 41 случај, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид – 19 во нашата земја изнесува 1.300 од кои во Скопје – 439, Куманово – 353, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 131,       Тетово – 65, Струга – 55, Велес – 62, Битола – 17, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 14, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 3,    Неготино – 3, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 1, Валандово -1.

Во изминатото деноноќие направени се 649 теста и тоа преку Институтот за јавно здравје – 437, преку Ветеринарен фекултет – 23, Авицена – 20, Биотек – 49, Клиника „Жан Митрев“ – 90 и Систина со PCR метода – 30. Досега во земјата се направени вкупно 13.649 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се лекуваат 63 пациенти од кои 23 на кислородна поддршка и пет на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализиран е 31 пациент. Со потешка клиничка слика се седум пациенти и седум се приклучени на респираторна машина. Во Клиничката болница во Битола се лекуваат 11 пациенти, а уште 11 се следат на домашно лекување. Во моментов во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а 13 се следат на домашно лекување, стои во соопштението од Министерството за здравство. рп/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“