Утрински Весник
Економија

Дрекслмајер: Нема отпуштања на работници, продолжувањето на времените вработувања како и пред пандемијата

Дрекслмајер: Нема отпуштања на работници, продолжувањето на времените вработувања како и пред пандемијата

Кавадарци, 23 април 2020 (МИА) – Нема отпуштања  на работници, а селекцијата на продолжување на времени вработувања е вообичаена како и пред коронавирусот,  велат за МИА од компанијата „Дрекслмајер“ во Кавадарци, по реакциите дека има работници на кои не им е продолжен времениот договор за работа во оваа германска фабрика со над пет илјади вработени од повеќе општини.

– Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот има огромно влијание на нашата компанија, а од самиот почеток, здравјето на нашите вработени е наш главен приоритет. Оваа специфична состојба секако има и сериозни економски ефекти врз целата индустрија, нашите клиенти, а со тоа и врз нас како добавувач. Како компанија што испорачува во точно одредено време и во одредена секвенца, ние во потполност зависиме од нашите клиенти. Во време кога нарачките од клиентите се стопирани, мораме и ние да го запреме нашето производство. Веднаш штом клиентите ги рестартираат своите капацитети, подготвени сме за нов почеток, нагласуваат од компанијата.

Оттаму додаваат дека иако речиси е запрено производството и компанијата не остварува приходи, трошоците во моментов се огромни и исти како и во редовни околности.

– Се разбира и во овие услови, компанијата ги исплаќа платите на сите наши вработени, иако најголем дел од нив во моментот не работат. Се обидуваме да ги осигураме работните места на нашите вработени преку различни модели на компензација. Како семејна компанија со високи социјални стандарди, масовни  отпуштања на вработените не е опција, надвор од вообичаената месечна флуктуација и регуларниот селективен процес во однос на компаниското работење, категорични се од фабриката.

Компанијата, велат, прави напори за заштеди во многу области на своето функционирање со цел да се премости овој критичен период и да се осигураат илјадници работни места на долг рок.

– Се надеваме дека заедно со нашите вработени ќе го пребродиме овој кризен период и повторно ќе се вратиме на старите патеки на успешно работење, нагласуваат од Дрекслмајер. свд/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен