Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор Матарела – Пендаровски, честитки за членството во НАТО и преговорите со ЕУ

Телефонски разговор Матарела – Пендаровски, честитки за членството во НАТО и преговорите со ЕУ

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Претседателот на Република Италија, Серџо Матарела денеска во телефонски разговор со претседателот Стево Пендаровски упати честитки по повод членството на Република Северна Македонија во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија, соопшти Кабинетот на Претседателот на РСМ.

Пендаровски се заблагодари за конзистентната поддршка на Италија за европските и евроатлантските аспирации на Северна Македонија.

Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави во контекст на справувањето со последиците од коронавирусот.

Пендаровски во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на КОВИД-19.

Воедно го запозна својот колега со мерките и активностите што државните власти ги преземаат во справувањето со кризата.

-Во телефонскиот разговор претседателот Пендаровски посочи на неопходноста од сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните. Изрази и уверување дека преку меѓусебна солидарност и соработка, европските држави  ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на КОВИД-19, се наведува во соопштението. мч/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ