Утрински Весник
Македонија

Стаменковска Стојковски: Директорот на ЈСП не ги ослободува од работа хроничните болни и родителите на деца до 10 години

Стаменковска-Стојковски обвини за неправилности при вработувања во државниот и јавниот сектор

Скопје, 23 април 2020

Мојата објава за непочитување на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор потекнува од реални институции кои продолжуваат да работат спротивно на Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020 година, и на „Службен весник на РМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година во кој е објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба о заради тоа од денес јавно ќе ги објавувам сите оние за кои ми пристигаат известувања и жалби.

Јавно Сообраќајно Претпријатие Скопје – Скопје и Директорот Кристијан Чушков се пример за непочитување согласно пријавите кои ги добивам и истите ќе ги доставам до Државен инспекторат за труд за да изврши вонреден надзор а со цел заштита на правата на работниците за време на вонредна состојба.

Во продолжение потсетувам на мојата вчерашна реакција:

Единствената Влада во светот која на секој можен начин се обидува да им наштети на вработените во администрацијата и генерално на сите работници е Владата на СДС. Поточно, оваа Влада не може да спроведе сопствен заклучок, функционерите кои ги има избрано Владата на СДС не ја почитуваат мерката за: ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години и примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, а во врска со годишниот одмор.

Имено, повеќе вработени во јавниот сектор и работници од приватниот сектор ме информираа и пожалија дека од страна на овластени лица од институциите во кои се вработени биле известени дека мора да се појават на работа без разлика што се ослободени од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години или имаат хронично заболување. Во приватниот сектор има иста појава со потешки последици за вработените односно, по истиот основ ослободените од работа им се исплаќаат симболични износи во вид на плата. Слична е состојбата и со годишните одмори.

Поради ваквата состојба чувствувам обврска да апелирам и потсетам на:

Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020 година, и на „Службен весник на РМ“, бр. 90/20 од 4.4.2020 година во кој е објавена Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

Сите вработени во јавниот сектор и работниците од приватниот сектор ги охрабрувам да ги пријавуваат сите притисоци и непочитување на правата од работен однос од страна на нивните работодавци. Ја имате мојата поддршка.

Заедно ќе се избориме и ќе ја надминеме оваа состојба. Законите и правото мора да се почитуваат и одговорност ќе има.

Со почит,

Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и адмнистрација

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор