Утрински Весник
Спорт

Ферари се закани дека ќе ја напушти Формула 1 доколку се намалат буџетите

Ферари и Алфа Таури ќе имаат проблеми за влез во Бахреин

Маранело, 23 април 2020 (МИА) – Тимот на Ферари ќе размисли за напуштање на Формула 1 доколку тимските буџети се намалат уште еднаш како мерка против кризата во спортот по светската пандемија на КОВИД-19. Првите мерки беа да се скратат буџетите од 175 милиони на 145 милиони долари, но откако се откажани девет трки и нејаснотијата дали тоа ќе се случи со уште, некои екипи дури повикаа на уште подрастични мерки.

Во изминатата недела започнаа коментарите за нивоа од 100 милиони, кои според шефот на „Скудерија“, Матија Биното, се целосно неизводливи за функционирање на врвните тимови во Формула 1.

– Намалување на нашиот буџет на 145 милиони американски долари е драматично и веќе нè става во многу тешка позиција. Почнавме да работиме на ставање на тимот во слична рамка, но нема да биде лесно. Се зборува за уште едно намалување на ниво на околу 100 милиони, што, сепак, во реалноста е невозможно за функционирањето на врвните тимови. Доколку се донесат вакви одлуки, треба да размислиме дали да останеме во Формула 1. Стандардите за кои работиме не овозможуваат такво затегнување на буџетот и не соодветствуваат со ДНК на Ферари, вели Биното.

Тој додаде дека тимот нема да престане да се натпреварува затоа што има многу други првенства во кои може да се продолжи нивната историја.

– Добро сме свесни за кризата низ која минува светот во овој момент со ужасната пандемија. Уште повеќе гледаме што се случува во нашата земја, Италија. Сепак, сега не е време да се дејствува набрзина и сите одлуки мора да бидат разгледани многу внимателно и да се разгледаат од сите тимови, заклучи Италијанецот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари