Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Куманово побара парични казни во висина до 1.000 евра во денарска потиввредност за девет жители на Куманово и за еден жител на Крива Паланка, кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
Обвинетите, како што се посочува, не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле низ Куманово и Крива Паланка. рп/ац/