Утрински Весник
Економија

НБ: Извештај на ММФ – Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, банкарскиот систем е стабилен

Народна банка: Продолжуваат поволните поместувањата во економијата

Скопје, 22 април 2020 (МИА) – Народната банка во соопштение во врска со објавениот извештај на Меѓународниот монетарен фонд наведува во однос на монетарната политика, констатирано е дека засега треба да остане релаксирана, при што како и досега, Народната банка треба да го задржи својот фокус на понатамошно одржување на стабилноста на девизниот курс.

Мерките, наведуваат од Народната банка, поврзани со банкарскиот систем се оценети како прудентни, оставајќи простор за реструктуирање на кредитите на најпогодените сектори, со истовремено засилено следење на перформансите.

-Зачувувањето на финансиската стабилност останува приоритет, нагласено е во Извештајот. Притоа, од ММФ посочуваат дека во текот на изминатите години е зајакната ликвидноста и капиталната позиција на банкарскиот систем, што се потврдува и преку адекватноста на капиталот на крајот на минатата година, која изнесува 16,3 отсто. Остварувањата и перформансите што ги има, како што е наведено во Извештајот, сега оставаат доволен простор банкарскиот систем да ги апсорбира евентуални загуби заради корона-кризата, без притоа да биде загрозена неговата стабилност, стои во соопштението на Народната банка. скс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Официјално започна Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН“

Митева: Носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, течниот нафтен гас – плин намален за 5 денари по литар

Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн-трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу за авиобилети и резервирање хотели