Утрински Весник
Спорт

Манчестер јунајтед и Арсенал може да играат во Лигата на шампионите следната сезона

Вредноста на Манчестер Јунајтед се намалила за над 1,2 милијарди фунти

Манчестер, 22 април 2020 (МИА) – Манчестер јунајтед и Арсенал би можеле да играат во Лигата на шампионите следната сезона, и покрај нивниот актуелен пласман во Премиер лигата, доколку сезоната не заврши.

УЕФА веќе вети дека ќе развие методолошки насоки за распределување на местата во евротурнирите, доколку тие не се во можност да ги играат преостанатите натпревари од сезоната 2019/20. „Сан“ тврди дека УЕФА ќе ги распредели позициите во Лигата на шампиони и Лига Европа, врз основа на клупскиот рејтинг.

На тој начин, ако сезоната во Премиер лигата не заврши, тогаш во Лигата на шампионите ќе играат Манчестер Сити (112.000), Ливерпул (99.000), Манчестер Јунајтед (92 000) и Арсенал (91 000). Доколку Арбитражниот суд не ги укине санкциите против Манчестер Сити, тогаш местото на „граѓаните“ ќе го заземе Тотенхем (85.000).

На табелата следуваат екипите на Челси (83.000) и Лестер (22 000), кои во ова сценарио ќе бидат во Лигата на Европа.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум