Утрински Весник
Спорт

Претседателот на ПСЖ очекува играчите да ги намалат платите

Претседателот на ПСЖ ја поддржува иницијативата за намалување на платите во Лига 1

Париз, 22 април 2020 (МИА) -Претседателот на Пари Сен Жермен – Насер Ал-Хелаифи, се надева дека играчите ќе се согласат на предлогот за намалување на платите поради пандемијата од коронавирусот. Управата на клубот по тој повод продолжува со дискусиите со играчите.

– Очекувам да постигнеме договор. Исто така, се надевам дека играчите ќе ги исполнат своите обврски и ќе одржат добра физичка форма, рече Ал-Хелаифи, цитиран од „РМЦ“.

Во исто време, ѕвездата на тимот Нејмар продолжува да се обидува да се врати во Барселона. Според „Мундо Депортиво“, Бразилецот е подготвен да добие двојно пониска плата во Барселона.

Во ПСЖ, Нејмар заработува околу 3 милиони евра месечно.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП