Утрински Весник
Македонија

Во Струмица се градат детска градинка и нова спортска сала

Во Струмица се градат детска градинка и нова спортска сала

Струмица, 22 април 2020 (МИА) – Интензивно се гради новата градинка во просторот во поранешната касарна во Струмица. Објектот опфаќа површина од 1443 метри квадратни со приземје и кат и ќе располага со капацитет за 300 деца, информираат од Општината.

-Изградбата чини 1,7 милиони евра, a со новата детска градинка ќе се надмине проблемот со прекубројност на децата во клоновите на градинката „Детска радост“, додаваат од општина Струмица.

Во основното општинско училиште „Никола Вапцаров“ се гради нова спортска сала на површина од 1.200 метри квадратни корисна површина. Со тоа училиштето конечно ќе добие објект, каде на затворено ќе се изведува наставата по физичко и здравствено образование.

-Од Владата преку Министерството за образование се обезбедени 40 милиони денари. Дел од средствата се обезбедени од кредит од Банката за развој при Советот на Европа, а дел се буџетски средства, појаснуваат од општина Струмица.

Покрај овие значајни објекти, во населеното место Вељуса почна изградбата на фекална канализација во должина од 7,5 километри, додека во селата Просениково и Дабиле заврши изградбата на истата.

Општината инвестира и во село Габрово, каде се гради бетонски атмосферски канал во должина од 360 метри, а во Градско Балдовци при крај е реализацијата на проектот „Улица со шеталиште“. Таму се поставени канделабрите, се прави тротоарот, а потоа ќе се постават клупите и ќе се асфалтира улицата во должина од еден километар.рт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Димитриевски: Времето на етнизација и поделби по етнички клуч треба да биде минато, „Вреди“ собира евтини политички поени

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?