Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен

Скопје, 22 април (МИА) – На 21.04.2020 во 16.10 часот, за време на ограничено движење, од полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје. При извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, соопшти денеска МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.04.2020 во 15.00 часот од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АСНОМ“ биле приведени двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Скопје. При извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 21.04.2020 во 15.08 часот од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесено лице повредено при работа. По излегување на местото на настанот од полициски службеници е утврдено дека станува збор за М.Д.(34) од Скопје, вработен во фабрика во Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи.

На 21.04.2020 во 12.00 часот, К.Ј.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Тале Христов“, во продажен објект каде била вработена, едно непознато лице најпрвин почнало да ја навредува, а потоа и физички ја нападнало. Се работи на расчистување на случајот.

На 21.04.2020 полициски службеници од Полициска станица Радовиш во содејство со вработени во Шумска полиција Радовиш на имот на Љ.Ј.(62) на ул.„Готен“ во Радовиш пронашле бесправно исечени огревни дрва. Дрвата се одземени и предадени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Радовиш, а по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 21.04.2020 во 13.00 часот, А.С.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„Џон Кенеди“, по претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно непознато лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 20.04.2020 околу 20.00 часот била пронајдена И.Ч.(20) од Штип, за која истиот ден во СВР Штип од страна на Љ.С.(23) било пријавено дека се оддалечила од домот во Штип. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ставот на МАНУ е дека постои само една национална академија и оти во неа нема место за политички влијанија, за Мицкоски иднината не е во поделби туку во обединување

Зголемена фреквенција на возила на Табановце за влез и Богородица за излез од државата

Сончево и топло со умерен до засилен северен ветер