Утрински Весник
Спорт

СЗО ја повикува УЕФА да ги прекине меѓународните турнири на 18 месеци

УЕФА откажа два меча во Лига Европа

Нион, 22 април 2020 (МИА) – Светската здравствена организација препорача УЕФА да ги откаже сите меѓународни фудбалски турнири до крајот на сезоната 2020/2021 година, објави „Ла Република“.

Според изданието, препораката е дадена за време на видео конференција со учество на УЕФА и водечките европски клубови на 16 април.

Светската здравствена организација инсистира на тоа да нема фудбал во наредните 18 месеци, откако се плаши дека ќе се прошири втор бран на коронавирусот.

УЕФА формираше работна група за да работи на различни опции за да ја заврши оваа сезона, но во оваа фаза ситуацијата останува крајно нејасна.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига