Утрински Весник
Спорт

Кариус го раскина договорот со Бешикташ

Кариус во јануари веројатно заминува од Бешикташ

Истанбул, 22 април 2020 (МИА) – Германскиот голман Лорис Кариус го искористи своето право еднострано да го раскине договорот со Бешикташ, каде што играше под наем од Ливерпул во последните две сезони.

На тој начин тој е пред враќање на Енфилд, каде стана непотребен по неговите грешки во финалето во Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид.

Кариус се обрати и на ФИФА за неисплатени плати во последните четири месеци. Бешикташ му понуди план за отплата што тој не го прифати и го искористи правото да го раскине договорот.

Платата на Кариус во Бешикташ беше договорен на 1,5 милиони евра по сезона, но клубот не ја плати во целост.

Турците му должат на Кариус 1,6 милиони евра, јавуваат локалните медиуми.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење