Утрински Весник
Спорт

Руеда: Борусија беше многу заинтересирана за Видал, постои опција и за во Италија

Барса отфрлиле понуда од Интер за Видал

Сантијаго, 21 април 2020 (МИА) – Селекторот на репрезентацијата на Чиле, Рејналдо Руеда, соопшти дека за играчот од средниот ред на Барселона, Артуро Видал многу заинтересирана беше Борусија Дортмунд.

– Видал е извонреден играч. Тој тоа го докажа во Германија, во Италија и сега во Шпанија. Артуро демонстрира силен карактер, добра техника и физика. Бевме многу задоволни кога тој потпиша договор со Барса. Со својата зрелост и амбиција, тој секогаш сака да биде во водство. Видал е многу загрижен кога не игра постојано. Тој отсекогаш бил водечки играч. Сигурен сум дека Артуро ќе ја процени неговата моментална состојба и ќе донесе правилна одлука. Мислам дека е многу среќен што е во Барселона, навивачите многу го поддржуваат. Се надевам дека кога ќе дојде во репрезентацијата, ќе биде во одлична состојба. Колку што знам, тој има опција да се врати во Италија, неодамна Борусија беше многу заинтересирана за него. Но, сега за сега нема ништо конкретно, не треба да с ебрза кога се носи важна одлука, рече Руеда.

Видал има договор со Барселона до летото 2021 година. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина