Утрински Весник
Македонија

Демант на МВР за напис на Нетпрес

МВР Билтен

Скопје, 21 април 2020 

Министерството за внатрешни работи најостро го демантира написот на порталот Нетпрес со наслов „Функционер на СДСМ наредил апсење на момчето со куче“, во кој се изнесени низа невистини за функционирањето на МВР.

Ја известуваме јавноста дека од почетокот на кризата со ширењето на коронавирусот во Министерството за внатрешни работи се формира Координативно тело, чиј претседател е министерот Наќе Чулев, а во него членуваат раководните лица во Министерството.

На седницата на Координативното тело на 31.03.2020 усвоен е заклучок и задолжен е директорот на БЈБ „ да се испрати инструктивна телеграма до сите организациони единици да се почитуваат законските одредби во постапувањето кон лицата што не ја почитуваат забраната за движење и истите покрај легитимирањето, согласно со законот да се преземат сите мерки со цел изготвување на соодветен поднесок. По оваа одлука на Координативното тело е постапено од Бирото за јавна безбедност и изготвена е соодветната телеграма. Оттаму, јасно е дека станува збор за изнесени невистини во текстот, кои Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира.

МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Љутков за хаосот во културата

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини