Утрински Весник
Македонија

Таравари: Приходите во март паднале за 70 проценти, инвестициите ќе мируваат

Таравари: Приходите во март паднале за 70 проценти, инвестициите ќе мируваат

Гостивар, 21 април 2020 (МИА) – Приходите во општина Гостивар се намалени за две третини. Недостигот од пари во општинската каса ќе ги стопира најавените инвестиции кои локалната власт ги предвиде во буџетот за оваа година.

Големиот пад во приходните ставки според првиот човек на општината се должи најмногу на неплатените даноци, а биле предвидени за март.

– По направените анализи констатираме дека во март приходите се за 71 процент помали, споредно со истиот период минатата година. Разбирливо е во вакви околности, да не се инвестира и да не се подмируваат обврските. Но, ваквиот биланс негативно ќе делува врз реализација на повеќе инфраструктурни проекти за тековната година. Од тие причини ќе инвестираме само во помали зафати кои ќе се појават како неопходни, изјави градоначалникот Таравари.

Ублажување на последиците се можни доколку централната власт сподели дел парите кои државата ќе ги обезбеди преку кредитите кои ги најави. Таравари појаснува дека тоа би била позајмица која би ја вратиле со пониски каматни стапки.

Според актуелните состојби, трендот во наплатата на локалните даноци во март најверојатно ќе се пренесе и во април и тоа како што вели Таравари дополнително ќе ја обремени реализацијата на буџетот. згм/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество