Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Секторите за внатршни работи на Скопје, Куманово и Велес поднеле 23 кривични пријави поради непочитување на воведената мерка за ограничено движење.

СВР Скопје, СВР Куманово и СВР Велес поднеле 23 кривични пријави против: Б.Б.(25), Д.К.(28), Н.Б.(38), А.К.(45), З.А.(36), сите од Скопје, Б.С.(37), Е.И.(30), А.С.(18), тројцата од Куманово, К.Д.(28) и С.Д.(29), двајцата од Велес, А.Ј.(19) од Кавадарци, А.Ј.(21) од Гевгелија, А.Ј.(29) и  М.М.(36), двајцата од Неготино, Е.М.(92), И.М.(38), А.М.(36), Ш.У.(31), А.П.(46), Р.И.(33), сите од с.Корешница – Демир Капија, Р.К.(42) од с.Дедино – Конче, Е.Н.(32) и С.Ј.(58), двајцата од с.Тремник, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Имено, пријавените во периодот од 28.03.2020 до 30.03.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење.

Вчера во 22.20 часот во СВР Скопје, Ф.З.(51) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на ул.„Радишанска“ во Скопје бил нападнат со тврд предмет од неколку непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Куманово вчера во 13.40 часот било пријавено дека во атар на с.Луке, кривопаланечко, на место викано „Чупино брдо“ настанал пожар во кој опожарена била сува трева и букови дрвја. Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица на Крива Паланка.

Вчера во 10.30 часот во СВР Штип, Љ.С.(23) од Штип пријавил дека од неговиот дом во Штип се оддалечила неговата невенчана сопруга И.Ч.(20) од Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. ир/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор