Утрински Весник
Македонија

Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на Холокаустот

Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на Холокаустот

Скопје, 21 април 2020

Денеска е Јом Хашоа, национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел, којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и како комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Оваа година, Јом Хашоа е во специфично време, период кој е посебен предизвик за сите нас. Се наоѓаме во ситуација во која сме приморани физички да го задржиме растојанието едни од други, но во нашите срца и умови единството и заедништвото се многу посилни. За прв пат Јом Хашоа не е одбележан во јавност. Претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, преживеан во холокаустот, Благоја Младеновски ги запали шесте меморијални свеќи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од македонија, со ветување кон жртвите и преживеаните дека тие никогаш нема да бидат заборавени и дека нивното наследство ќе се одржува во вечна меморија.

Глобалната пандемија што ја доживуваме денес повикува на посилна солидарност и соработка низ целиот свет. Потребно е обединување, да го вратиме достоинството и мирот во секој од нас, да работиме и да создаваме за нашата заедничка иднина во која антисемитизмот и омразата ќе бидат непознаница. Да го најдеме во нас спокојот и сигурноста. Притисоците и поделбите да ги замениме со толеранција, вистински соживот и враќање на вербата во луѓето. Еврејските заедници во светот да бидат место за негување на еврејската култура и традиција, а спомениците и меморијалните центри да потсетуваат на злото кое нема да дозволиме да се повтори. Да ги научиме генерациите на вистинските вредности и принципи, да научат и запомнат дека треба да ги негуваат соживотот , толеранцијата и меѓусебната соработка, без разлика кој на која нација или релегија припаѓаат.

Вечна им слава

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд

Петар е тежок 2 килограми и 350 грама: 61-годишната мајка којашто се породи на ГАК имала замрзнато јајце клетка

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура