Скопје, 21 април 2020
Македонскиот полициски синдикат во врска со поставеното видео на социјалната мрежа “Facebook” за кое тврдиме дека е неовлстено снимено од граѓанин на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните, сакаме да ја известиме јавноста за следното:
Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР, го повикува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди детелно без никакви предрасуди да ги испитаат конкретниот случај и да ја утврдат на законитоста на постапувањето на полициските службеници.
Во делот на обвинувањата кон нашите колеги дека не носеле маски и средства за заштита го прашуваме дали, кога, со каков квалитет, и колку маски со список за задолжување имаат задолжено колегите при излегување од ПС, колку време биле на работа до моментот на неовластеното снимање, дали во меѓувреме имале контакт со заразени лица при контрола во нивните домови каде се во самоизолација.
Ако знаеме дека состојбата со Корона вирусот е повеќе од сериозна и се надеваме дека ова ќе стигне до Вас од раководствотсвото на Министеството за Внатрешни работи и конечно толку те најавувани донации за МВР ќе бидат доставени на колегите со цел да ги заштитиме истите.
Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, биле, се и секогаш ќе бидат на браникот на државата и едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот.
Од тие причини, бараме раководството на МВР да биде сериозно и веднаш:
– преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа.
– пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила .
– да се врши дезинфекција на сите простории во кој престојуваат и работат колегите. Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција.
Сфатете го ова како сериозно и итно!!
Вработените во МВР тоа го очекуваат од вас!!
На крајот сакаме да се обратиме кон своите членови и сите колеги :
Почитувани колеги, уште еднаш сакаме да Ви дадеме целосна подршка на сите колеги кои деноноќно се на терен, и гордо покажувате на дело како се сака татковината и како се почитува униформата што ја носите.
Рамо до рамо со медицинските лица, несебично вложивте натчовечки напори да ја одржите ситуацијата со ширењето на заразата со корона вирусот под контрола.
Исправени гордо пред предизвикот на браникот на нашата држава ја манифестирате Вашата човечност и саможртва кои ќе останат пример за идните генерации- пример за тоа како се сака и почитува својата татковина.
Бидете горди што токму во вас полицајците, граѓаните во овие тешки моменти гледаат на институција на која може да се потпрат, служба која деноноќно е гарант на нивната безбедност.
Токму од таа причина единствениот начин да се заштитиме себе си, и секој еден граѓанин на оваа земја, без исклучок, е да се однесуваме одговорно!!
Македонски полициски синдикат
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.