Утрински Весник
Македонија

На подрачјето на СВР Велес за  продолжениот викенд, синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

На подрачјето на СВР Велес за  продолжениот викенд, синоќа најмногу прекршувања на полицискиот час

Велес, 21 април 2020  (МИА) – Од сите сите четири дена од продолжениот полоциски час на подрачјето на СВР Велес, најмногу прекршувања имало синоќа и тоа 14, а  од кои најголем дел на прекршителите девет биле на подрачјето на Велес, во Неготино четири и во Кавадарци само еден.

Бројот на лица во самоизолација во Велес денеска изнесува 65 лица.Во петокот биле 50, а во саботата останале само 18, во неделата пораснал на 39,  а вчера се зголемил на  52 лица.

Ова е последица на зголемениот број на заразани од Ковид-19 изминатиот продолжен викенд, кога во саботата бројката во Велес  се зголеми  со  12 новозаразани, во неделата за уште тројца и вчера за плус уште еден новозаразен.Вкупно до вчера во Велес  се регистрирани 59 заразени со Ковид-19. ад/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица