Утрински Весник
Македонија

Во Гевгелија редовна дезинфекција за време на продолжениот викенд

Во Гевгелија редовна дезинфекција за време на продолжениот викенд

Гевгелија, 21 април 2020(МИА) – Вработените од комуналното претпријатие, во содејство со пожарникарите и ПЕ за јавно здравје,за време на досега најдолгата празнична забрана за движење,непречено ја извршија редовната дезинфекција на улиците и јавните површини како дел од мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Согласно препораките од главниот и општинскиот кризен штаб,од општината соопштија дека дисциплинираното однесување на граѓаните им овозможило на задолжените служби непречено да ја спроведат дезинфекцијата на сите улици,тротоари и јавни површини во градот Гевгелија и населените места во општината во функција на успешно справување со пандемијата на Ковид-19.

Според одлуката на Општинскиот кризен штаб,целосната дезинфекција на улиците и јавните површини на територијата на општина Гевгелија се спроведува секој петти ден. им/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Разбиена шема со брзи кредити во Куманово, пет лица оштетиле повеќе граѓани за над 200.000 евра

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Дождот го прекинува топлиот период: Сабота со најмногу простор за есенска прошетка