Утрински Весник
Македонија

Хрватски Форум и Македонско Хрватско Друштво – Тетово го поздравуваат пуштањето на МРТ 4 посветен на етничките заедници

Хрватски Форум и Македонско Хрватско Друштво – Тетово го поздравуваат пуштањето на МРТ 4 посветен на етничките заедници

Скопје, 21 април 2020

Хрватски Форум и Македонско Хрватско Друштво – Тетово го поздравуваат новиот бран на проширување на програмската понуда на Јавниот радиодифузен сервис – МРТ, којшто вклучи и отворање на нов канал МРТ 4 посветен на етничките заедници и документарна програма.

Со ваквата структурна промена, додека досешниот канал наменет за заедниците – МРТ 2 ќе емитува целосна програма на албански јазик, новиот канал МРТ 4 кој е наменет за останатите заедници, а имајќи ги предвид обврските од меѓународните договори и домашното законодавство, остава сериозен простор за исполнување на должностите на јавниот сервис спрема останатите етнички заедници.

Во насока на развивање и планирање на програмска шема во интерес на целокупната јавност, притоа водејќи сметка за специфичните општествени групи, искрено веруваме дека новиот канал ќе овозможи и програма на хрватски јазик и доследно ќе ја примени законската обврска за известување и правична застапеност, со што и досега непретставените заедници ќе имаат можност за програма на својот јазик.

Убедени сме дека ако ништо друго, само архивскиот материјал со кој располага МРТ а со кој е опфатено хрватското малцинство, култура и јазик, во комбинација со дополнителен труд може да доведе до квалитетна содржина на хрватски јазик, па дури и документарна.

Во интерес на доследно спроведување на законските обврски спрема етничките заедници, ХФ и МХД Тетово ги ставаат своите ресурси на располагање на новиот канал во насока на правична застапеност на сите етнички заедници и промовирањето на културен дијалог и толеранција.

Младинска иницијатива Хрватски Форум
Македонско – Хрватско Друштво Тетово
Македонско Хрватско Друштво огранок Гостивар
Македонско Хрватско Друштво огранок Штип
Македонско Хрватско Друштво огранок Кичево
Македонско Хрватско Друштво огранок Струмица

___________________________________________________________

Pet Utrinski

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДУИ: Длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН  во власта

Во ДПМ ќе се одржи разговор со неговите нови членови

Под слоганот „Храна за душа“ почнува Саемот на книга