Утрински Весник
Македонија

Зголемен број интервенции на пожарникарите од Кочани

Зголемен број интервенции на пожарникарите од Кочани

Кочани, 21 април 2020 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Кочани евидентирала зголемен број интервенции во деновите од празничниот викенд, главно за гаснење пожари и укажување помош на граѓани.

При увидот во состојбата што ја направи градоначалникот Николчо Илијев, кој раководи и со Општинскиот кризен штаб, беше укажано дека поради користење уреди во домаќинствата и оптоварување на електричната инсталација, зголемен е ризикот од пожари. Исто така, дел од граѓаните ги злоупотребуваат мерките за ограничено движење и неовластено палат оган на отворен простор.

– Викендов гасневме пожар што настанал при палење автомобилски гуми од страна на несовесни граѓани, кои и покрај забраната за движење, излегле надвор од своите домови. Интервениравме и при укажување прва помош и извлекување човек кој паднал во коритото на Кочанска Река. Во Ромското Маало наша екипа гаснеше пожар предизвикан од палење оџак во куќа и за среќа нема повредени лица, но регистирана е материјална штета, истакна Благојчо Паунов, командир на ТППЕ – Кочани.

Од Територијалната противпожарна единица упатија апел до граѓаните внимателно да ги користат електричните и други уреди во домаќинствата, а предупредија и на зачестената појава земјоделците да ги палат стрништата во текот на вечерните часови, за да го намалат ризикот да бидат откриени и казнети. Тоа дополнително им го отежнува пристапот на пожарникарите до местото за интервенција, поради што е зголемена опасноста од пожари кај овошните и лозовите насади што се во близина.та/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја