Утрински Весник
Магазин

„Скопје” нова игра на МС-Dark-1

„Скопје” нова игра на МС-Dark-1

Скопје, 21 април 2020 (/) – Македонското студио за развој на игри Dark-1, моментално работи на игра со наслов „Скопје“, информираат од Dark-1. Според нив целта на оваа игра е да се долови безвременскиот дух на Скопје во едно пост-апокалиптично сценарио, кое метафорично може да се поврзе со пост пандемискиот период. Воедни, и да ја разбуди љубопитноста на светските гејмери за Скопје.

– Играта е FPS (first-person shooter) во стрип стил со roguelike елементи и делумно отворен свет за истражување. Roguelike терминот жанровски покрива игри чиишто нивоа се процедурално генерирани, истите наликуваат на зандана (dungeon), редоследот на активностите се одигруваат во кругови (како во друштвена игра) и во случај на умирање на ликот со којшто се игра, играта започнува одново, појаснуваат од Dark-1.

Дополнително од таму велат дека целта на играчот е да го истражува уништениот град, да ги открие причините зад неговото уривање, да ја надмине хордата на обезличени и мутирани суштества коишто го доминираат Скопје, да обезбеди ресурси за да опстои и најважно да преживее.

Играта е сè уште во изработка, но затоа во меѓувреме од студиото нудат можност љубопитните играчи да се внесат во светот на пост-апокалиптичното Скопје преку онлајн alternative reality game (ARG). The Terminal е првиот дел од петте фази низ којашто ќе имаат играчите можност, сè подлабоко и подетално да се внесуваат во ликовите, настаните и работите. Терминалот е достапен  тука: https://skopje.dark-1.com/terminal/!

Тимот на Dark-1 досега имаат издадено една игра на светскиот пазар со наслов „Odium to the Core”. Станува збор за игра којашто се игра со само едно копче и при тоа се контролира Odium низ монохроматски лавиринт со извонредно динамична музика.

Официјалниот вебсајт за играта кадешто може да се најдат  повеќе информации околу играта  https://skopje.dark-1.com/. Исто така постои и блог пост околу работите коишто се визуелна инспирација за играта https://dark-1.com/2020/04/09/Skopje-blog1.html.

Меѓудругото од Dark-1, потенцираат дека нема подобро време за лансирање на ваква игра која ќе обезбеди љубопитост за градот Скопје, но и ќе ја разбуди интуитивноста на гејмерите пост панемичниот период. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста