Утрински Весник
Спорт

Одложувањето на ОИ може да чини повеќе од 3 милијарди долари

Токио 2020: Олимпијците и параолимпијците во Токио ќе спијат на картонски кревети
Dik 300x250 mk

Токио, 21 април 2020 (МИА) – Јапонската влада нема договор со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да ги покрие дополнителните трошоци, откако Олимпијадата во Токио се презакажа од летото 2020 до 2021 година, поради пандемијата од коронавирус. Ова го соопшти генералниот секретар на кабинетот Јошихиде Суга.

– Не постои таков договор за дополнителните трошоци поврзани со презакажување на Игрите. На 16 април, за време на дискусиите помеѓу Организацискиот комитет и МОК, потврдивме дека сите последици од преместувањето на Олимпијадата до следната година, вклучително и финансиските, се вообичаен проблем. Се согласивме да направиме проценка на штетите и потоа да разговараме за прашањето и за начинот на постапување, рече Суга.

Претходно, на официјалната веб-страница на МОК се појави порака, во која се наведува дека јапонскиот премиер Шинзо Абе се согласил да продолжи да ги покрива сите организациски трошоци вклучени во оригиналниот договор за Олимпијадата во 2020 година, иако натпреварите се преместувани за една година за периодот 23 јули – 8 август.

Суга побара овие информации да бидат отстранети од страницата.

Јапонската агенција „Кјодо“ објави дека одложувањето на Игрите би можело да вреди дури 3 милијарди долари.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс