Утрински Весник
Македонија

Што е вирусно оптоварување и зошто е опасно и за здравствените работници?

Што е вирусно оптоварување и зошто е опасно и за здравствените работници?

21 април 2020

Би-Би-Си

Во борба против Ковид-19 медицинскиот персонал плаќа многу висока цена. Илјадници здравствени работници се заразени со вирусот, а се зголемува и бројот на починати лекари.

И покрај заштитната опрема, лекарите, медицинските сестри и останатите здравствени работници се со поголема веројатност да се заразат и честопати страдаат од многу сериозна форма на болеста.

Зошто здравствените работници се склони  на инфекција од останатите?

Експертите велат дека причината може да биде концентрацијата на вирусот на која се изложени во директен контакт со пациентот и објаснуваат дека количината на вирусот во телото се вика вирусно оптоварување, пишува Би-Би-Си.

Бидејќи вирусот продира во организмот, ги инфицира клетките и почнува да се размножува правејќи сопствени копии. Тие во за неколку дена се акомулираат и се размножуваат влошувајќи ја состојбата на пациентот. Се претпоставува дека колку е поголема концентрацијата на вирусот во организмот, обликот на болеста поврзан со нејзе е потешка, а пациентот е повеќе заразен.

Неодамнешни истражувања покажаа дека вирусното оптоварување во белите дробови на заболениот од Ковид-19 е поголемо од тоа во носната празнина.

Вирусното оптоварување кај пациентот расте како што се размножува вирусот и во исто време симптомите на заболениот се влошуваат. Со закрепнувањето постепено се намалуваат. Значи, следењето на вирусното оптоварување може да ни даде корисна индикација за сериозноста и прогноза на болеста.

Лекарите и медицинските сестри се најизложени на вирусот

Научниците од Оксфорд се сложија дека студиите покажуваат на тоа дека поголем обем на работа ги влошува симптомите, но дека се уште нема цврсти докази за тоа.

Лекарите и медицинските сестри најчесто се во многу близок контакт со тешко заразените пациенти кои во својот организам носат голема количина на вирусот, што значи дека се изложени на него во многу големи дози.

Според Светската здравствена организација, пациент подложен на операција во Вухан заразил 14 здравствени работници и пред прво да добие температура.

Се уште не е познато до која мерка на тековна изложеност вирусот може да влијае на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против вирусот.

Околу 20 проценти од здравствените работници се заразиле со САРС во 2002 и 2003 година. Слично е и со Ковид-19

Но, според податоците на СЗО собрани по епидемијата САРС во 2002 и 2003 година, покажуваат на тоа дека 21 отсто од случаите биле медицински работници. Во случајот со Ковид-19 помеѓу четири и 12 проценти од потврдените случаи на инфекција се однесуваат на здравствените работници.

Слични обрасци се појавуваат и кај лицата кои ги се грижат за пациентите со Ковид-19.

Имунолошкиот систем на една личност, дури и ако е здрава, се соочува со големи потешкотии во борба со вирусите, истакна професорот Венди Баркли од Одделот за инфективни болести на лондонскиот колеџ Империал.

„Количината на вирусот што успева да навлезе во вашиот организам сигурно ја одредува рамнотежата во таа борба, во војната која се води помеѓу вирусот и имунолошкиот систем на вашето тело. На пример ако инфицирате лабораториски животни со различни дози на вирус, ќе видите дека животните што ќе се заразат со највисока доза на вирусот се најболни“, додаде Баркли. ки/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава