Утрински Весник
Спорт

Објавен конкретен датум за рестартирање на сезоната во Бундеслигата

Бундеслигата со посебни мерки за заштита на судиите

Берлин, 21 април 2020 (МИА) – Германскиот министер за здравство Јенс Спан изјави за „Билд“ дека фудбалската сезона во Бундеслигата може да започне одново на 9 мај.

Кампањата беше прекината во средината на март поради пандемијата од коронавирусот.

Германската фудбалска лига ги прекина натпреварите првично до 2 април, а потоа продолжи мерката на претпазливост против ширење на инфекцијата до 30 април.

– Користејќи го концептот на натпревари без публика, целосно е можно да се обнови сезоната. Најважно е да се осигура дека ризикот од зараза е минимален. Организирањето натпревари на 9 мај ќе биде добар знак за милиони љубители на фудбалот, иако трибините ќе останат празни, прокоментира Спан.

Лидер во првенството е Баерн, по одиграни 24 од 34 кола со 55 бода, а Баварците имаат 4 бода предност пред Борусија Дортмунд.

Во Германија има над 140.000 заразени со „КОВИД-19“, а повеќе од 4.000 починаа.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство