Утрински Весник
Македонија

Чулев: Се преземаат мерки за постапувањето на полициските службеници при приведувањето на момчето со куче

Чулев:МВР по налог на ЈО реализирало ПИМ за лица од „Рекет“

Скопје, 20 април 2020 (МИА) – Се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници во врска со денешното лишување од слобода на момче кое е затекнато надвор од својот дом со миленик за време на полицискиот час, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. 

-Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа Фејсбук се споделува видео на кое се забележуваат неколку полициски службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните. Во таа насока би сакал да ја информирам јавноста дека од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди конкретниот случај е евидентиран и се преземаат мерки за утврдување на законитоста на постапувањето на полициските службеници, a за исходот од проверките во текот на утрешниот ден дополнително ќе биде известена јавноста, напиша министерот Чулев.

Тој посочува дека Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди и во иднина ќе презема мерки за соодветно расчистување на сите случаи во кои постои сомневање дека постапувањето на полициските службеници е спротивно на законот. дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство