Утрински Весник
Спорт

Натпреварите во Бундеслигата може да продолжат на 9 мај без гледачи

Холанд прв пат не даде гол за Борусија Дортмунд, која пак прв пат сезонава загуби два натпревари во низа

Берлин, 20 април 2020 (МИА) – Сезоната во Бундеслигата може да продолжи на почетокот на мај. Натпреварите може да започнат на 9 мај, исредбите да се одржат без гледачи, изјави Кристијан Сејферт, генерален директор на Германската фудбалска лига (ДФЛ).

– Добивме голем број позитивни сигнали. Ова отвора сериозни изгледи за обете лиги Бундес лига и втора Бундес лига – приближно. Ова е многу важна и позитивна вест за љубителите на сите клубови.

Група лекари разви концепт – од тимско тренирање па се до натпревари.

– Ова не се однесува само на она што се случува на терен, туку и до него. Ова е ризик, но клубовите ќе преземат одговорност. Политичарите ни веруваат, а ние, особено играчите, треба да дејствуваме во улога на модели. Зборуваме за мерки за хигиена и примерен однос кон прашањата на социјалните контакти. Многу е важно да се дејствува на дисциплиниран начин, ова се однесува не само за работодавците, туку и за навивачите. Што се однесува до натпреварите без гледачи, не може да се каже дека тие се исто толку добри и убави како и натпреварите со навивачите, но од гледна точка на економијата ова е единствената опција за Бундеслигата. Многу клубови ќе бидат зачувани, изјави Сеиферт. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство