Утрински Весник
Македонија

Општинскиот кризен штаб на Куманово побара бесплатни маски за граѓаните

Општинскиот кризен штаб на Куманово побара бесплатни маски за граѓаните
Dik 300x250 mk

Куманово, 20 април 2020 (МИА) – Владата да обезбеди одредена количина заштитини маски за кумановци и мегафони за известување побара Општинскиот кризен штаб на денешната 34-та седница. Маските бесплатно ќе бидат доставени до граѓаните, согласно донесените мерки за задолжително носење. Мегафоните ќе се користат за известување на граѓаните.

– Бараме од  Влада на Република Северна Македонија, да се регулира начинот на доставување на негативните и позитивните резултати од тестирањето на КОВИД – 19  (коронавирус) до граѓаните како и пропратно информирање на Центарот за јавно здравје – Куманово и ОШЗС Куманово, се наведува во соопштението од штабот.

Оттаму апелираат до граѓаните да се придржуваат согласно мерките и препораките на Министерство за здраство и Влада на Република Северна Македонија да се однесуваат одговорно кон себе и спрема другите околу нив.

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии, се наведува во соопштението. ам/оџ/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жител на Богданци починал од повреди по физичка пресметка

Тешко повреден 78-годишник, се превртел со трактор

МВР: Гласањето од вториот круг на „Локални избори 2025“ се одвива мирно