Утрински Весник
Македонија

Привршува сеидбата на компир во Пијанец и Малешeвието

Привршува сеидбата на компир во Пијанец и Малешeвието

Делчево, 20 април 2020 (МИА) –  Привршува сеидбата на компир во Пијнаечко-малешевскиот регион. Во четирите општини Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево оваа пролет се засеани над илјади хектари компир од сортите Агрија, Бинте, Валугар и Малешевски црвен компир. Условите, како што велат земјоделците се одлични за сеидба на оваа земјоделска култура.

– Имавме добри услови, добра влага овозможена од снеговите и дождовите кои паднаа во изминатиот период. Компирот обично се сади најдоцна до Ѓурѓовден, па така се очекува до 1 мај годинава, истиот целосно да биде посаден на нивите, велат земјоделци од Пијанечко.

Воедно, иако на сила е полицискиот час поради коронавирусот, земјоделците со дозволи за работа на поле, времето го користат и за довршување на агротехнолошките мерки на овошките. Годинава во најдобар цут е сината слива, што според овоштарите дава надеж дека и годинава ќе биде родна.

– Да се надеваме дека нема да имаме некои непредвидени студови, па да се случи нешто како пред 7-8 години, кога Пијанец и Малшевијата останаа без модра слива. Од друга страна, за родот за кој уште сега се гледа дека ќе биде добар, ќе треба да се прави план како да се продаде, за да не се повтори ситуацијата од последните две години кога откупот потфрли, додаваат овоштари од делчевско.

Природата, како што додаваат, оваа пролет ги награди со идеални услови, така што на земјоделците им останува сами да се потрудат сето тоа добро да го искористат. вс/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија тоне, размислувам и јас за иселување – Зафиров со жестока порака до властите

Дрифт шоу во Тетово, без полициски надзор и со многу бучава

ВМРО: СДС продолжуваат со измислени бројки, да не беше ВМРО-ДПМНЕ патот Кичево-Охрид ќе беше уште незапочнат