Утрински Весник
Спорт

Таткото на Тиаго се обидува да го врати во Барса

Алкантара е близу до продолжување на договорот со Баерн

Барселона, 20 април 2020 (МИА) – Постои можност играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара да се врати во Барселона. „Мундо Депортиво“ тврди дека извршниот директор на каталонскиот гигант, Хавиер Бордас внимателно внимава на состојбата на 29-годишниот фудбалер, кој е дете на Барса но не успеа да се наметне во составот и во 2013 година замина за Минхен.

Тиаго е шесткратен германски шампион и трипати го има освоено германскиот куп и Суперкупот. Во неговата витрина има и Европски супер куп и Светското клупско првенство.

Оваа сезона шпанскиот репрезентативец има 22 натпревари и 3 гола во Бундеслигата. Неговиот договор со Баерн е до летото 2021 година и се очекува да биде продолжен.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели