Утрински Весник
Спорт

Фиго: Реал Мадрид мораше да го потпише Холанд пред Борусија

Холан е првиот играч во ЛШ со шест гола во првите три кола

Мадрид, 19 април 2020 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Луис Фиго смета дека „кралевите“ требало да го купат Ерлинг Холанд пред да го стори тоа Борусија Дортмунд.

-Реал Мадрид мораше да го потпише пред Борусија. Тој постигна многу голови, тој беше создаден за одлични работи. Реал Мадрид требаше да дејствува порано. Ова е прашање за скаутите, изјави Фиго.

Деветнаесетгодишниот Норвежанец постигна 12 голови на 11 натпревари за Дортмунд по трансферот од РБ Салцбург. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина