Утрински Весник
Македонија

Шумски пожар близу селото Србица, Кичевско

Шумски пожар близу селото Србица, Кичевско

Кичево, 19 април 2020 (МИА) – Во атарот на селото Србица, Кичевско избувна шумски пожар.  Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола.

-Ако има потреба ќе се приклучат и претставниците на шумското претпријатие „Лопушник”, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и претставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола, информира Емин Насуфи од општина Кичево. рф/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Какво време нè очекува денеска? Облаци, сончеви периоди и југозападен ветер

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец