Утрински Весник
Македонија

Три нови случаи со Ковид-19 во Велес

Кривична пријава за скопјанец кој ја прекршил самоизолацијата и заболен со коронавирусот се шетал низ Охрид

Велес, 19 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа на територијата на Велес  се регистрирани три нови случаи на Ковид-19, со што бројката на заболени се искачи на 58.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес информираат дека се работи за две лица поврзани со веќе постоечки кластер членови на семејство на лице вработено во трговска дејност и едно лице вработено во Центарот за јавно здравје – Велес.

– Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во Велес изнесува 58 лица, од кои четири излечени, три смртни случаи и 51 активни, посочуваат од Центар за јавно здравје – Велес.ад/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври