Дерби, 19 април 2020 (МИА) – Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни изјави дека е болно за него да гледа како Ливерпул го има најдобриот напад во моментов во светскиот фудбал.
Самиот Руни учествуваше во забележителни офанзивни формации со играчи како Карлос Тевез, Кристијано Роналдо, Руд ван Нистелрој и Робин Ван Перси. Сепак, Англичанецот не може да негира дека триото Садио Мане, Мохамед Салах и Роберто Фирмино го обликуваат најдобриот напад моментално во светот.
– Честопати се обидувам да објаснам дека постигнувањето голови е главно резултат на тоа колку се добри офанзивните играчи. Ливерпул е одличен пример за тоа. Мане и Салах обезбедуваат длабочина додека Фирмино се враќа за да ја прими топката. Ова ги става централните дефанзивци во лажна смисла на смиреност и контрола, сè додека ненадејно Мане и Салах не направат одлични дијагонални удари без топка зад одбраната. Тоа ме потсетува малку на времето кога Рома направи вакво нешто. Тоти играше „десетка“ со двајца надворешни напаѓачи. Ме боли малку да го признаам тоа, но Ливерпул го има најдобриот напад во светот во моментов“, изјави Руни.