Утрински Весник
Спорт

Хорнер: Формула 1 треба да ги спаси тимовите кои се пред банкрот

Хорнер: Формула 1 треба да ги спаси тимовите кои се пред банкрот

Милтон Кинс, 19 април 2020 (МИА) – Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер изјави дека раководството во Формула 1 треба финансиски да им помогне на тимовите кои се изложени на ризик од банкрот заради кризата со коронавирус. Девет стартови на календарот за оваа сезона се одложени или откажани, а се чини веројатно дека во 2020 година нема да има Формула 1, што ќе биде штетно за некои од тимовите во најпопуларната автомобилска трка.

Според Хорнер, сопствениците на Формула 1 – „Либерти Медиа“, ќе треба да се вмешаат за да ги поддржат клубовите.

– Ова може да биде огромен удар за спортот и „Либерти“ ќе мора да интервенира. Тоа е нивниот бизнис, тие треба да решат како ќе ги спасат овие тимови затоа што им требаат тимови за да се натпреваруваат. Мислам дека „Либерти“ ќе стори сé што е во нивни сили, за сите десет екипи да можат да се натпреваруваат следната година. За да ги заштитат своите бизниси, верувам дека ќе платат што е потребно за да се спасат овие тимови, коментира Хорнер.

Во моментов, првиот старт на Формула 1, кој сè уште не е одложен, е француското Гран-при, што ќе се одржи на 28 јуни во близина на Марсеј. Откако претседателот Емануел Макрон на почетокот на оваа недела објави дека карантинот во земјата е продолжен, се чини скоро сигурно дека оваа трка нема да се одржи.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот