Утрински Весник
Македонија

Приведени две лица во инцидент во скопско Долно Соње

Дваесетгодишник од Делчево со украдена картичка подигал пари од банкомат

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Утрово околу 01,00 часот во скопското село Долно Соње, во куќа на ул.12. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, се случил инцидент во кој биле употребени ловечка пушка и боксирач.

Од МВР денеска информираат дека во куќата во село Долно Соње дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. боксирач.

– Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица. Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот, се појаснува во соопштението од МВР.

Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на ЕБР и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот. цр/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година