Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Ограбени четворица Пакистанци покрај железничката пруга Велес – Скопје

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Во СВР Битола синоќа во 21,00 часот З.И. (39) од Прилеп, пријавил дека истиот ден додека заедно со неговиот татко В.И. (66) од Прилеп, се движеле со возило од село Тројкрсти кон Прилеп, на патот наишле на паркирано патничко моторно возило „фолксваген голф“ при што на самиот пат имало поставено маса на која седеле две лица кои конзумирале алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, З.И. ги замолил да го тргнат возилото со цел да можат да поминат, но истите одбиле да го тргнат возилото .

– Тогаш В.И му рекол на својот син да повика полиција, но во тој момент лицата физички ги нападнале при што на В.И му нанале видливи повреди во пределот на главата.Едното лице му го зел телефонот на З.И. а другото лице зело од масата нож и почнало да трча кон него, по што тој почнал да бега. Двете лица повторно го нападнале В.И. удирајќи го насекаде и цело време замавнувале со ножот со цел да го повредат. По кратко време З.И. и В.И. успеале да побегнат кон селото Тројкрсти и настанот го пријавиле во полиција, стои во соопштението од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и целосно расчистување на случајот.

На 18.04.2020 година околу 11,45 часот во Скопје на ул. „Блаже Биринчето“, при преземање на службени дејствија полициски службеник од ПС Карпош бил нападнат од лицето М.С. штитеник во домот „25-ти Мај“, која со удар со рака го удрила во пределот на главата. Лицето е приведено во ПС Карпош, известен инспектор ОКД. Се работи на целосно расчистување на случајот

На 18.04.2020 година околу 10,30 часот во Кочани на ул. „Митко Беќарски“ избувнал пожар во куќа сопственост на М.М. (59). Oд страна на екипа на ТППЕ-Кочани пожарот е изгаснат. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Кочани, при што е утврдено дека најверојатно причина за настанување на пожарот е палење на оџакот од страна на сопственикот.

На 19.04.2020 година околу 00,50 часот добиена е пријава дека на стариот пат од Петровец кон Катланово од страна на засега непознат сторител на двете коловозни ленти имало оставено повеќе бали сено и истите биле запалени.Од страна на БППЗ пожарот е локализиран.

На 19.04.2020 година околу 04,30 часот добиена е дојава за опожарено патничко мотороно возило на ул. „Алпи“. По излегување на лице место од страна на полициски службеници од ПС Чаир констатирано е дека се работи за возило марка “мерцедес Е430“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.Ф.(25) од Скопје, кое што околу 03,00 часот било паркирано таму од страна на лицето А.Б. (27). Тој навел дека околу 04,20 часот забележал две лица на мотоцикл како фрлаат молотов коктел кон возилото, при што тоа било опожарено во предниот дел кај моторот и инсталацијата. Се работи на целосно расчистување на случајот. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален

Гаши уверува дека е обезбедено двотретинско мнозинство за уставни измени

Мицкоски се враќа на режимските практики, тврди Филипче