Утрински Весник
Македонија

Нови 37 случаи на ковид 19, вкупно 1207 дијагностицирани, починаа две лица, оздравени 15

Спасовски, Филипче, Османи и Шекеринска на онлајн видеосесија КОВИД-19: „Прашања и одговори: Ретроспектива коронавирус МК“

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Потврдени 37 нови случаи на ковид 19 со што вкупно во земјата се 1207 дијагностицирани пациенти, починаа две лица, а оздравени се 15 пациенти, соопштија денеска од Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 15 излекувани пациенти, шест пациенти од болничко лекување и девет кои се лекувале во домашни услови.

– Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети, појаснуваат во соопштението од МЗ.

Во изминатите 24 часа потврдени се 37  нови случаи на ковид-19 и тоа Скопје 8, Куманово 9, Прилеп 5, Тетово 3, Велес 3, Охрид 8 и Кочани 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1207. Во Скопје 409, во Куманово 329, пациенти, Дебар 51, Штип 32, Прилеп 117, во Тетово 55, Струга 55, Велес 58, во Битола 17, Охрид 15, Кавадарци 4, Гостивар 12, Гевгелија 4, Струмица 2, во Крива Паланка 4, Радовиш 4, Крушево 3, Кочани 27, Пробиштип 2, Кичево 2, Неготино 2, Демир Хисар 1 и Македонски Брод 2.

Во изминатото деноноќие, се подвлекува во соопштението од МЗ,  направени се 314 теста. Преку ИЈЗ 222, преку Ветеринарен ф-тет 0, Авицена 3, Биотек 27, Филип Втори (Жан Митрев) 17 и Систина со PCR метода  45 . Досега во земјата се направени вкупно  11.870 тестирања на ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје, примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а пет се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, седум пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани три пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола, се посочува, се хоспитализирани  13 пациенти, од нив три се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во мометов се лекуваат пет ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, информираат од МЗ, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови. цр/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“