Скопје, 19 април 2020 (МИА) – На 18.04.2020 во 05,45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице. Од страна на полициски службеници излезено е на лице место и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронајдено било безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од Прилеп.
Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти денеска МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
На 18.04.2020 во 15,05 часот на магистрален пат Охрид-Ресен, во близина на месноста викана „Прентов мост“ се случила сообраќајна незгода во која Р.Н(73) од Охрид, управувајќи товарно моторно возило „фиат скудо“ со охридски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот. Во незгодата Р.Н се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“.Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Охрид. цр/