Утрински Весник
Спорт

Кејн го претпочита Манчестер Јунајтед пред Реал Мадрид

Кејн сака да го прекине постот на Англија без трофеј

Манчестер, 19 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се чини дека веќе направил избор каде да ја продолжи кариерата. Барем, според „Бличер репорт“.

Според изданието, Англичанецот сака да му се придружи на Манчестер Јунајтед. За него, исто така, многу е заинтересиран Реал Мадрид, но фудбалерот претпочита да замине на „Олд Трафорд“.

Кејн веќе сигнализираше дека нема да остане во Тотенхем. Напаѓачот е свесен дека ќе биде тешко да се освојат големи трофеи таму и е решен да ја промени средината.

„Црвените ѓаволи“ се први во линија, но Реал Мадрид, Манчестер Сити и Јувентус нема да се предадат без борба. Во моментов од ова друштво, Јунајтед изгледа најдалеку од освојување на трофеи, но „Олд Трафорд“ планира големи промени и изградба на способен состав за следната кампања во Премиер лигата, а привлекувањето на Кејн би бил огромен чекор во таа насока.

Реал Мадрид долго време бара напаѓач, а Кејн беше еден од играчите на списокот за летна селекција.

Сепак, се чини дека самиот фудбалер ќе го отфрли нивниот предлог.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност