Утрински Весник
Спорт

Гризман нема намера да ја напушти Барселона

Ждрепка за четврт-финале во Купот на Шпанија: Барселона против Атлетик Билбао
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Барселона, 19 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман нема намера да го напушти клубот, според „Марка“. Во последните денови се шпекулира дека местото на Французинот на „Камп Ноу“ не е загарантирано, а претседателот на клубот, Пеп Бартомеу е разочаран од неговиот досегашен настап.

Покрај тоа, Барса планира сериозна селекција за летото, со тоа што во клубот најверојатно ќе пристигнат уште двајца играчи од нападот – Лаутаро Мартинез и Нејмар, што сериозно ќе ја зголеми конкуренцијата во предните позиции.

Сепак, Гризман е решен да остане во Барса и да се бори за своето место. Иако не го покажува најдоброто од себе, напаѓачот веќе има 14 гола на својата сметка за Каталонците, од кои некои се доста важни, затоа што токму со нив отвора резултатот од натпреварите.

Покрај тоа, Антоан постепено почна да се прилагодува на играта на Лионел Меси и се верува дека следната година партнерството меѓу нив ќе биде уште подобро.
Значи, тој нема намера да се откаже и ќе се бори за своето место во тимот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk