Утрински Весник
Македонија

Битолчани во куќни дворови, на балкони и со свеќа во рака го прославија Велигден

Битолчани во куќни дворови, на балкони и со свеќа во рака го прославија Велигден

Битола, 19 април 2020 (МИА) – Битолчани ги испочитуваа националните и општинските препораки и ноќеска во своите дворови или на балкони, со свеќа во рака, точно на полноќ го прославија Велигден.

Христос Воскресе се слушна во битолските населби и маала, но и желбата што побрзо, и насекаде да заврши пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Инаку, според востановената традиција, воскресението Христово, на полноќ во преспанско-пелагониската епархија го објави митрополитот г. Петар, придружуван од свештенослужители, но без присуство на верниците кои останаа дома.

Точно на полноќ, владиката г. Петар со свештенослужители влезе во храмот „Св. Димитриј“ во Битола, прочита Велигденско Послание, а утрово одржа света златоустова литургија. мт/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре на стрелиштето „Бејбунар” во Охрид ќе се спроведе вежбовно гаѓање со боева муниција

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато