Утрински Весник
Македонија

Богослужба посветена на Велигден во Бигорскиот манастир (ВО ЖИВО)

Богослужба посветена на Велигден во Бигорскиот манастир (ВО ЖИВО)

 

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – МИА ја пренесува богослужбата посветена на Воскренението Христово – Велигден (Пасха) во Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.

Во манастирот вечерва пристигна благодатскиот оган, кој претходно со грчки авион беше донесен на аеродромот во Скопје.

За благодатниот оган се верува верува дека секоја година на Велика Сабота самиот се пали во Светиот Гроб на Господ Исус Христос во Ерусалим.

Во Република Северна Македонија светиот оган прв пат пристигна на Велигден во 2009 година, во организација на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј, а тогаш преку пријатели од Грчката Црква беше преземен од Солун. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција