Утрински Весник
Економија

Нова кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од Ковид-19

Одложување на наплатата на кредитите до шест месеци од банките, олеснувања и за брзите кредити

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на новата кредитна линија од осум милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка, која е дел од вториот пакет економски мерки. Бесмакатните кредити се наменети за зачувување на работните места и подобрување на ликвидноста на фирмите, објави вечерва министерката за финансии Нина Ангеловска на нејзиниот официјален фејсбук профил.

-Нова линија 8 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка за фирмите погодени од COVID-19 Олеснети услови и начин за аплицирање, Поголем износ на кредити. Важи за СИТЕ погодени компании Минимален износ на кредит е 3.000 евра. Максимален износ на кредит е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени од заклучно со 31.01.2020 наведен во изјава при аплицирање, се множи по бројот на вработени, за пресметани најмногу 3 месеци.

Формулата за пресметка на износот кој компанија може да го искористи е следен:
➡Број на вработени x 14.500 ден x 3 месеци
На пример: компанија со 10 вработени ќе може да добие ➡ 14.500 денари X 10 вработени X 3 месеци = 435.000 денари или 7.073 евра

Кредитни услови:
▪ Каматна стапка од 0% на годишно ниво
▪ Рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци.
▪ Обезбедување со меница
——————————–
Кој може да аплицира❓
СИТЕ подогодени компании, од СИТЕ дејности КОИ:

Имаат намалување на приходот на за повеќе од 30% во тековниот период, на пример во месеците март или април 2020 во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година
? се регистрирани повеќе од половина година:
? Немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020
❌ Не се во постапка на стечај или ликвидација;
❌ Не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели, стои на фб статусот на министерката Никиоловска. вг/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија