Утрински Весник
Спорт

Руди Фернандез: Претстојни две сезони ќе бидат последни во мојата кариера

Руди Фернандез: Претстојни две сезони ќе бидат последни во мојата кариера
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Мадрид, 18 април 2020 (МИА) – Кошаркарот на Реал Мадрид, Руди Фернандез призна дека размислува да ја заврши кариерата по истекот на договорот во 2022 година.

– Имам 35 години и неодамна потпишав двегодишно продолжување на договорот. Кога ќе истече, ќе имам 37. Следните две сезони ќе ги поминам со идеја дека тие се последни во мојата кариера.

Се приближувам до овој момент кога ќе завршам, но се чувствувам добро. Задоволен од тимот и од мојата улога. Кога ќе разберам дека не можам да ја дадам најдобрата игра, ќе им го препуштам местото на помладите, изјави Фернандез.

Покрај за Реал, Фернандез во својата кариера играше и за Хувентуд, Портланд и Денвер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk