Утрински Весник
Македонија

Кумановскиот кризен штаб останува на барањата упатени до државните институции

Кумановскиот кризен штаб останува на барањата упатени до државните институции

Куманово, 18 април 2020 (МИА)Кумановскиот кризен штаб останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии кои изминатиов период ги упатува кон Владата, државните институции и комисии, објави Општина Куманово, за 14- дневен контролиран карантин и воведување кризна состојба во Општината.

Штабот на денешната седница одговорил позитивно на барањето на Општина Липково за помош во спроведувањето на дезинфекција на територијата на таа општина. Од штабот и препорачуваат на „Чистота и Зеленило“ да организира дезинфекција со амортизери во соработка со штабот на Липково и да се изврши дезинфекција на јавните прометни површини согласно динамичниот план. „Чистота и Зеленило“ ќе им отстапи на времено користење пет моторни пумпи за дезинфекција и ќе ги обучи тимовите за ракување и дезинфекција.

– Штабот стои на располагање на Општина Липково и останатите општини во регионот за соработка и споделување на взаемната помош во борба против епидемијата со Ковид 19- се вели во објавата.

Штабот ја задолжи ЈП „Чистота и зеленило“ да ја реорганизира својата активност по заклучоците на штабот, да продолжи со непречена дезинфекција на територија на Општина Куманово и непречено вршење на нејзината основна функција, износ на комунален отпад. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме