Дебар, 18 април 2020 (МИА) – По повод Празникот над празниците, Христово воскресение, Велигден, честитки до православните верници во дебарскиот регион и пошироко, упатија градоначалниците на Дебар, на Маврово и Ростуше и на Центар Жупа.
„Честитки до сите православни верници за еден од најголемите празници, Христовото Воскресение, Велигден. Овој ден да ви помогне на сите да ги оживеете вашите надежи за живот и да ги надминеме предизвиците со вера, лубов и целосна хармонија. Поминуваме низ еден тежок период кој од нас бара трпение и почитување на мерките и препораките на надлежните, со што ќе придонесеме за здравјето на сите,стои во честитката на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука.
Честитка до верниците од православна веросповест во Општината Маврово и Ростуше, во државава и надвор од неа упати првиот човек на Општината,Медат Куртовски.
-Со особена чест и задоволство, од свое лично име, од името на Советот и општинската администрација на сите православни верници во општина Маврово и Ростуше, во земјата и во странство, упатувам искрени честитки по повод велигденските празници. Во духот на љубовта кон човештвото, да се упатиме кон правдата и вистината, да понудиме помош на сите на кои им е потребна. Нека во нашите срца и души се всели духовен мир и спокојство, радост и разбирање. Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, хармонија, верба, истрајност и трпение во овие моменти на кризна состојба,стои во честитката на
градоначалникот Куртовски.
Честика по повод Велигден упати и градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, со желби за мир, благосостојба, здравје, разбирање и хармонија.вт/вг/